Тетово пак тоне во смет

Тетово пак тоне во смет. Преполни контејнери, смет околу нив кој се рафрла по улиците и тротоарите, каде се цедат течности со неподнослива миризба. Граѓаните велат дека Тетово одамна не бил нечист како деновиве.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, не информираа дека со доаѓањето на печалбарите во градот за еден ден се собира над 250 тони отпад, што е за речиси два пати повеќе од вообичаено. Тоа е основна причина, зошто нашите екипи не можат доволно да ја одржуваа хигиената во градот.

„Во градот во овој период има дојдено многу печалбари со што дополнително се создаваат поголеми колицини отпад и нашите екипи не можат да постигнат. Дополнителен проблем е што имаме стари камиони и канистрите на овие возила каде треба да се собира течноста од насобраното ѓубре пред се органско ни се расипани и наместо во нив течноста завршува по улиците“, рекоа од ЈКП Тетово.

Проблемот со комуналниот смет не завршува тука. Јавното комунално претпријатие Тетово со соочува и со проблеми околу претоварање на комуналниот отпад.

Станицата за претовар на сметот се изгради пред 8 месеци, откако кај дивата депонија на влезот од Тетово каде се претовараше отпадот избувна пожар. Таа 6 месеци работеше според стандардите. Но, од јуни годинава нејзинот двор е претворен во дива депонија.

Од комуналното претпријатие, велат дека поради честите дефекти на станицата, принудени се одредени денови сметот да го депонираат на земја. Дефектите настануваат затоа што во контејнерите од каде се собира ѓубрето има и кабаст отпад кој кога завршува на претоварната станица предизвикува нејзино оштетување. Ваквиот отпад треба да се депонира во посебни локации, посочуваа од претпријатието

Општина Тетово како за комуналниот така и за кабастиот отпад нема најдено решение. Сиот смет наместо во соодветни локации завршува низ градот, чии населби наликуваат на мини диви депонии.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ