Дали Македонија станува мета за сајбер војување со членството во НАТО?

Со еден компјутерски вирус може да се заразат цели системи, болници, хидроцентрали, училишта, берзи и други критични објекти. Заканата за војување со сајбер напади кон Македонија ќе се зголеми со членството во НАТО. Се очекува да станеме потенцијална мета на сајбер напади како на терористи така и на непријатели на алијансата.

Едуцирање на кадарот надлежен за сајбер безбедноста, но и за сите вклучени во одбраната како и сите државни капацитети, вклучувајќи го и приватниот сектор да ги исполнат бараните стандарди.

Најфамозен пример за сајбер војување имаше израелската армија. Тие уфрлија штетен вирус во системите на иранската нуклеарна централа. Целта беше само со софтвер без физички напади од војска да се онеспособат центрифугите за збогатување на ураниум кој е клучен за изработка на нуклеарна бомба. Напади врз стратешки енергетски, воени и безбедносни системи, како и на критичната инфраструктура ќе бидат новиот начин на кој ќе се водат војните како меѓу државите, воените сојузи, така и со сајбер војната со терористичките групи.

Стратегијата за сајбер безбедност опфаѓа нови програми во образованието, отворање на нов институт за сајбер безбедност и дигитална форензика на воената академија. Македонските експерти досега добиваат одлични оценки во самите структири на НАТО и се дел од обуки и семинари на регионално ниво, па дури и во Пентагон со американска поддршка.

Досега Македонија имала сајбер напади но, на пониско ниво. Пред се обиди за хакирање на веб страници на владини и државни институции и помали обиди за пенетрација во компјутерските мрежи. Македонија мора да продолжи со едукација за опасностите од сајбер војувањето во сите сфери.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ