Пијан татко претепа две годишно дете

Пијан татко го претепал својот двегодишен син, по што детето се онесвестило. МВР соопшти дека пријавениот Ф.С. на 8 август во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал неговиот двегодишен син и неговата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди.

Околу 18.30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Пијаниот татко физички ја нападнал и својата сопруга, која по кратко време успеала да побегне и со такси да го однесе повреденото дете во Ургентниот центар, каде што му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување. Од центарот за социјални работи на град Скопје велат дека и претходно биле запознаени со проблемите во оваа семејство. Мајката, како  жртва на семејно насилство, со децата, во месец февруари била сместена во шелтер центар, но по нејзина иницијатива се вратила кај сопругот.

Здравствената состојба на две годишното претепано дете е стабилна со видливи психички последици и трауми, констатираат лекарите. Ова е втор случај за претепување на бебе од страна на родител за еден месец. Претепаното 14 месечното бебе се опоравува на детската клиника, а  од центарот за труд и социјала на град Скопје потврдуваат дека му бараат семејство за негово згрижување.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ