
Бугарското МНР ја поздрави Ратификацијата на Договорот за пријателство
Бугарското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на македонското Собрание да го ратификува Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Во соопштението од бугарското МНР се констатира дека со овој Договор се реафирмира волјата за градење добрососедски односи, но е и пример за регионот.
Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Република Македонија. Ова е стратешки избор на нашата земја, поткрепен со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, пишува во соопштението од бугарското МНР.
Оттаму додаваат дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија се темели на европските вредности кои го прават регионот пообединет и посилен.
Инаку, Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август 2017 во Скопје. Бугарското Народно собраниесе уште не го ратификуваше овој Договор, само беше разгледан лани во ноември во Комисијата за надворешни работи.