Крај на високите трошоци за брзите кредити

Ќе се намалат високите трошоци за брзите кредити кои ги издаваат финансиските друштва, но и една банка во земјава.

Со законските измени кои ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, а досега достигнуваа и до 500 проценти.

Со измените се опфаќаат мали кредити под 200 евра, кои претходно не беа законски опфатени. Од Финансии најавија дека измените денеска ќе бидат објавени на ЕНЕР, а тие се прават со цел да се заштитат граѓаните и да се намали ризикот од влошување на состојбата на оние кои имаат проблеми со отплата на кредитите.

На пример, сега, за земен кредит од 12.000 денари на два до три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000 денари. Во земјава се регистрирани 20 финансиски друштва кои нудат вакви кредити на граѓаните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ