Финансии: Враќаме стари кредити, притискаме за капиталните инвестиции, а не се исклучува и ребаланс

Неколку дена откако опозицискаста ВМРО-ДМНЕ жестоко ја киритикува власта дека значајно го зголемува јавниот долг, денеска Министерството за финансии го возвраќа ударот. Велат, нивните претходници од 2008 до 2016 двојно ја зголемиле задолженоста, па тие наследиле рекорден долг од 4,7 милијарди евра или 48,5 отсто од БДП во 2016, и за една година го намалиле на 47,2 отсто. Во јануари годинава исплатиле стари долгови од вкупно 200 милиони евра. Преку графикон аргументираа дека го стабилизирале долгот.

“Зошто на вчерашната аукција Министерството за финансии се задолжи за 4 милиони евра повеќе од претходно најавеното, од овој ресор со одговор дека на почетокот на јули имале спротивна ситуација, односно вратиле 2 милиони евра повеќе од претходно направените задолжувања“.

Заменик министерката за финансии, Елези, тврди дека буџетот досега одлично се реализира, 47 отсто од приходите, а буџетскиот дефицвт е 0,7 отсто. Но таа не исклучува ребналанс за непотрошените пари за капитални расходи да се пренасочеле кај други корисници.

„Правиме напори и правиме притисок врз сите институции да ги реализираат капиталните инвестиции, и затоа во наредениот период веќе направивме одредени анализи, ако има потреба ќе се направи и ребаланс на буџетот, за да ги прераспоредиме средствата таму каде што мислиме дека има потреба кај буџетските корисници за да ги реализираат“, вели Ширет Елези, заменик министерка за финансии.

Но, економистите не се согласуваат целосно.

„Мое мислење е дека јавниот долг треба да се држи некаде на границата до 40 отсто од БДП. Значи 7 до 8 процентни поени од сегашниот да се намали, значи да се намали дефицитот и во наредните 3 до 4 години да се врати под 40 отсто. Но, дефицитот не се намалува, БДП ни стагнира, и очеигледно, наместо од 47, или 48 отсто да стигне до 40, тој ќе оди нагоре и ќе стигне до 50, според мене, таа граница е висока“, вели Поповски.

Од ВМРО ДПМНЕ критикуваат дека парите одат не за капитални пшроекти, туку за грантови и тендери на членови на СДСМ.

Опозицијата бара Владата веднаш да се откаже од намерите наведени во Фискалната стратегија, според кои јавниот долг ќе се зголеми над 50 отсто од БДП.

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ