670 Затвореници ќе бидат ослободени со новиот Закон за амнестија

Пратениците на пленарна седница го изгласаа Законот за амнестијата, со кој на осудениците им се намалува затворската казна. Законот предвидува затворениците на кои им е изречена казна до шест месеци да бидат ослободени. Оние пак што добиле над шест месеци се ослободуваат од издржување 30 отсто од целокупната казна.

Новите измени на Законот за амнестијата не се однесуваат за лица осудени со правосилна пресуда, како доживотен затвор, кривично дело убиство, силување и педофилија, кривични дела против државата, како и кривични дела против човечноста. Законот се однесува на лица што кривичните дела ги сториле до 20.9.2017 година.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

„Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегување во сила на овој закон е наредено издавање потерница поради нивна недостапност на органите на кривичниот прогон“, стои во Законот.

Ослободени од казна ќе бидат 670 правосилно осудени лица осудени на казна затвор до 6 месеци, а на 3.097 лица ќе им биде намалена казната 30 отсто. Овој закон наиде на остри критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не се согласуваше со измените, а Собранието го изгласа без нивно присуство

извор : Макфакс

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ