
ДИК се откажа од надоместоците
ДИК го намали износот на парични средства за 20% за реализација на референдумот. Наместо предвидените 210 милиони денари кои ги определи Собранието, ДИК одлучи да се изврши рационалиузација и да се скратат за околу 600.000 евра, односно буџетот за референдумот ќе изнесува 169.770 денари. Надоместоци ќе се доделуваат само за избирачките одбори и за општинските изборни комисии.