
Кочани воведува нови правила за превоз на учениците
Кочани воведува нови правила за превоз на учениците. Оваа општина која изминатите години натрупа долг од околу еден и пол милион евра за бесплатен превоз сега во новиот тендер поставува нови услови за превозниците. Анализата покажала дека долгот настанал и поради тоа што учениците се возеле по цени повисоки од реалните.
Кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев смета дека општината треба да плаќа за превезен ученик, а не според вкупниот број на ученици кои доаѓаат од соседните општини. На овој начин планирано е за една третина да се намалат трошоците или за околу пет милиони денари.
Парите што ќе се заштедат ќе се користат за подобрување на условите во кочанските училишта. Регионалните училишни центри во земјава се дават во долгови од бесплатниот училишен превоз, затоа се бара и нов правилник за распределба на овие средства од ресорното минисерство.
ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА