Третина од населението во Македонија нема сопствен автомобил

Плац за продажба на стари автомобили. Отворен, ама празен без муштерии. Автомобили со цени до максимум 6 илјади евра. Чекаат нов сопственик. Но, статистиката за Македонија покажува дека секое трето домаќинство, третина од населението нема свој автомобил.

Во извештајот на Статистика за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот од 2015 до 2017, измерено е дека помалку од 60% од семејствата имаат патнички автомобил.

Жителите на Скопје, на возењето автомобил гледаат и како потреба, но и како луксуз, поради цената на горивото.

Статистички гледано, во последните три години расте бројот на регистрирани возила но не пропорционално со бројот на семејства кои имаат автомобил. Небалансираноста на двата раста, покажува дека има  домаќинства во кои се зголемува бројот на автомобили, односно ако преклани имале две возила сега имаат три или четири. Народната банка од друга страна бележи намалување на бројот на барања за кредити за автомобил. Европскиот просек е 505 автомобили на илјади жители и е многу поголем од македонскиот, за кој Еуростат пресметал дека 190 возила на илјада жители. Но од Европа доаѓаат старите автомобили на плацовите, најбарани се оние со цена до 2500 евра, ни кажаа продавачите. Доколку тоа се пресмета во македонските пратенички патни трошоци, излегува дека оние народни избраници што добиваат и над 10 илјади евра за половина година може да си купат 4 половни возила.

Најинтересно е кога се бараше намалување на акцизите за дизел горивото, пратеничката Мира Стојчевска која секогаш зема околу 10-тина илјади евра патни трошоци, рече дека оние сиромашните нема да го забележат намалувањето на акцизата затоа што не возат и немаат кола. Стојчевска го доби прекарот Мира Дизел, а граѓани без автомобил во Македонија и натаму се повеќе од една третина.

Петар Догов

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ