
Мадуро ги преживеа експлозивните дронови
Николас Мадуро преживеа обид за атентат со експлозивни дронови. Среде неговиот говор пред стотици војници од националната гарда дронови експлодираа над неговата глава.
Животот на претседателот Мадуро беше спасен од телохранителите. Тие веднаш реагираа да го заштитат со балистички непробојни панцири што ја ублажи детонацијата. До Мадуро се наоѓаше и сопругата Селија Флорес.
Нападот помина без човечки жртви, а неколку војници се повредени. Мадуро за време на атентатот држеше говор по повод 81 годишнината на гардата. Националната телевизија која го пренесуваше свечениот настан во живо веднаш го смени кадарот за ако претседателот биде ликвидиран тој момент да не биде прикажан пред целата јавност на Венецуела.
Тонско Николас Мадуро претседател на Венецуела 0,07-0,43
„Постојано велев „Да не го спуштаме гардот никогаш, заговорот се враќа“. Во тој момент директно пред мене експлодираше летачки уред. Голема експлозија другари. Моите први реакции беа на обсервација и трезвеност бидејќи имам целосна доверба во луѓето и вооружените сили. Целосна! Нивната лојалност и Господ ме заштитија. Да, Господ ме заштити, но на земјата луѓето и вооружените сили на Републиката на Боливар. Затоа се уште сум жив и победоносен. Подготвен да ја продолжам битката и да се борам секогаш“ рече.
Министерот за информации Родригез по атентатот изјави дека почетната истрага веќе е завршена и утврдени се деталите од нападот.
Тонско Јорхе Родригез – министер за информации на Венецуела 0,30-1,01
Точно во 5:41 часот попладнево, детонации се слушнаа и истрагата јасно утврди дека тие кореспондираат со летачки уреди- дронови. Имаше повеќе летачки уреди кои содржее полнење со експлозив кое беше детонирано во близина на претседателската платформа и во зоната на парадата.
„Формацијата на нашите членови на Националната Гарда беше задржана и целата работа која беше завршена веднаш по настанот веќе утврди, со докази, дека ова е напад против фигурата на уставниот претседател на Боливарската Република на Венецуела, Николас Мадуро Морос, кој за среќа на сите, беше комплетно неповреден и во овој момент ја врши својата вообичаена работа.“ посочи Родригез.
Мадуро е под силен притисок од меѓународната јавност. Тој е виновен за уништување на економијата, за огромна инфлација со печатење на нови пари и додавање нули на националната валута. Во Венецуела има недостиг на храна, постојано на улиците има грабежи, убиства и киднапирања. Стотици противници на режимот на Мадуро се апсени и измачувани.
Христијан Станоевиќ