Двајца возачи починаа при тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Велес

Вчера околу 14,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Велес, поточно на место викано Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со српски национални ознаки, управувано од С.Р. од Р.Србија, и товарно моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано
од Р.К.(58) од с.Дамјан-радовишко.

Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од товарното моторно возило „Мерцедес“ Д.Д.(22) и С.Д.(28) и двајцата од Штип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на настанот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ