
МВР имало дојава за можни групирања на прославата Мечкин Камен
МВР за вчерашната прослава на Илинден во Крушево имало информации дека се можни групирања, и тенденциозни дејствувања на одредени групи со намера нарушување на јавниот ред и мир, поради што, како што соопшти попладнево, ангажирало повеќе од 400 полицајци.
Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите, биле ангажирани и припадници на посебните единици на полицијата. Безбедносните активности поврзани со обезбедување на гостите поканети на прославата, ги организирал командно-оперативен штаб. Министерството потврдува дека во текот на движењето на владината делегација, имало обиди за приближување на одредени групи, и нарушување на безбедниот периметар на движење, кои заради реакцијата на припадниците на полициските сили беа оневозможени.
Во два наврата кон делегацијата биле фрлени и пластични шишиња, но биле одбиени од припадниците на мвр. За време на движењето, кон делегацијата биле упатени и вербални напади, како и зборови со говор на омраза, велат од МВР.