
Поповски: Јавниот долг и натаму ќе расте, потребна е фискална дисциплина
Зголемувањето на задолженоста за 0,5 процентни поени во вториот квартал не е загрижувачко, но неколку фактори укажуваат дека јавниот долг и натаму ќе расте, смета професорот Никола Поповски. Прво, Владата тоа го утврди и во фискалната стратегија. Второ, за оваа година беше предвиден раст на БДП од 3,2 отсто, а во првиот квартал економијата порасна за само 0,1 процент, што значи дека учеството на долгот како процент во БДП математички ќе се зголемува, во услови кога економијата стагнира.
„И конечно, тој сега е минимално покачен, но да се потсетиме дека во првоите неколку месеци јавните инвестиции се реализираа само со 16 отсто, што значи дека не повлекоа јавен долг, кога тие би се реализирале подобро, тие ќе пвлечат уште долг, што значи дека очигледно дека не треба да се надеваме дека јавниот долг ќе паѓа, туку тој и со оваа власт ќе оди нагоре“, вели Поповсеки.
Штом парите од долгот не се трошат за капитални проекти, значи се пренасочуваат кон други видови потрошувачка, а такви ќе следуваат и во наредниот период, особено за Одбраната по влезот во НАТО.
Според Финансии, на крајот на првото полугодие, јавниот долг достигнал 5,14 милијарди евра, што е 47,7 од предвидениот БДП за годинава. Споредено со првиот квартал, тоа е пораст за 54 милиони евра или 0,5 пропцентни поени.
Дали овие бројки се загрижувачки?.
„Мое мислење е дека јавниот долг треба да се држи некаде на границата до 40 отсто од БДП. Значи 7 до 8 процентни поени од сегашниот да се намали, значи да се намали дефицитот и во наредните 3 до 4 години да се врати под 40 отсто. Но, дефицитот не се намалува, БДП ни стагнира, и очеигледно, наместо од 47, или 48 отсто да стигне до 40, тој ќе оди нагоре и ќе стигне до 50, според мене, таа граница е висока“, вели Поповски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат Владата на СДСМ за расипничко и недомаќинско владеење. Велат, секој ден изминативе 3 месеци, јавниот долг се зголемува за над половина милион евра.
„Во вторник исто така тежок ден за државата, СДСМ планира да ја задолжи државата за нови 32.5 милиони евра. И така скоро половина мандат им помина од задолжување во задолжување, а немаат реализирано ниту еден единствен проект“, вели Арсовски.
Возвратија од Министерството за финансии. Од претходната влада, велат, наследивме брзорастечки јавен долг-утростручен во периодот од 2008 до 2016. Со одговорно управување со долгот во 2017 година, за првпат после 8 години, имаме негово намалување на годишна основа. Намалувањето на јавниот долг продолжи и во првиот квартал од 2018 година, додека во вториот квартал, има благо зголемување од 0,5 процентни поени,со што јавниот долг е повторно на нивото на крајот од 2017 година. Значи за разлика од порано, кога сме имале брзорастечки, неконтролиран долг, сега тој е под контрола и е одржлив. Во однос на аукцијата закажана за вторник, таа е редовна, предвидена со календарот на аукции. Речиси иста сума на средства се враќаат по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.
Нина Нинеска Фиданоска