
Сакандалозно чествување на Илинден на Мечкин Камен
Со крајно недолични дофрлувања, вулгарни песни, пцовски, навивачките групи кои дојдоа на Мечкин Камен во Крушево, фрлија сенка на чествувањето по повод 115 години од Крушевската Република. Најпрво навивачитие ја исвиркаа владината делегација кој пристигна на Мечкин Камен заедно со вискокиот функционер на Стејт Департментот, Метју Палмер и амеркианскиот амбасадор Џес Бејли. Групата спроти нив во кои беа патриотски здруженија и други граѓани, фрлаа пластични шишиња врз делегацијата.
Потоа на ист начин беа дочекани претставници од Собранието на РМ, дипломаткиот кор и на некои политички партии. Додека делегциите полагаа цвеќе на споменикот, навивачките групи продолжија уште пожестоко да скандирааат пароли со говор на омраза и вулгарности.
Присутните со аплауз го дочекаа само претседтаелот Ѓорѓе Иванов, кој во своето обраќање жестокот ја нападна актуелната власт и рече дека не го прифаќа грчкиот договор, затоа што е штетен, а нема да го поколебаат обидите за притисок врз него. Лага е дека со грчкиот договор се менува само името на државата, туку се менува и македоснкиот идентитет, рече Иванов.
- Лага е дека со овој грчки договор се јакне македонскиот идентитет. Напротив, со овој грчки договор правно се укинува македонскиот народ. Многупати се обдувале да ни накалемат туѓ иденитет, но сепак не успеале. Сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство, рече претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Во говорот Иванов се повикуваше на ставови на револуционери, преродбеници, како и на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, за кого рече дека од една претходна власт бил заобиколуван за Тајванскиот договор, истот како што по 20 години оваа влада го заобиколува него за договорот со Грција.
- Ако Тајванскиот договор беше резултата на среброљубие, Грчкиот договор е резултата на славољубие. Заслепени од рефлекторите на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на цеиот народ. Ако со Тајванскиот договор се направи обид да се редефинира позицијата на Република Македонија на меѓународен палн , со грчкиот договор се редефинриа самата држава, рече претседателот Иванов.
Ѓорѓе Иванов не е достоен за функцијата што ја извршува, тој повторо се обиде да ја врати Македонија во изолација, реагираа од СДСМ на обраќањето на на претседателот .
- Ќе му порачам на Иванов убаво да го прочита договорот да види дека е загарантиран и македонскиот јазик и македонската национална посебност , дека е згарантиран македонскиот идентитет за на век. Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита повторно и Рацин и Прличев и сите кои денес ги цитираше. Никој како него не ширел меѓунационална и меѓуверска омраза, рече Дамјан Манчевски, инистер за информатичко општество.
Говорот на Иванов и навредите упатени од присутните на Мечкин Камен ги осудија и од општина Крушево, од каде велат дека сите кои сеат омраза се срам за Илинденците и го сквернават големиот прзник.
Емилија Мисирлиевски