
Сите плати во врвот на одбраната над 1.000 евра- Шекеринска зема 40 евра повеќе од началникот на ГШ Величковски
Во рамките на проектот за транспарентност, Министерството за одбрана ги објави и платите на раководните функционери и генерали во АРМ.
Најмногу плата добива министерката Радмила Шекеринска, 78.791 денари (1.280 евра). Втор по висината на платата е генерал потполковникот Методија Величковски, кој како началник на ГШ на АРМ добива 76.372 денари плата (1241 евра).
Заменик министерот Беким Максути има месечна плата од 64.844 денари или 1055 евра, а најмала плата во раководната структура на МОРМ има државниот секретар Драган Николиќ, 59.274 денари односно 965 евра.
Заменикот на Величковски, генерал-мајорот Мухамед Рацај и директорот на Генералштабот, генерал мајор Димче Петровски имаат ист чин и иста плата по решени, 66.250 денари (1080 евра).
На листата го има и деканот на Воената Академија, полковник Орце Поповски кој добива 1006 евра плата (61.896 денари).
М. С.