Пораките од Илинден ја наговестија кампањата за референдум

Очекувани пораки за Илинден. Предвесник на кампањата за референдумот  која ќе следи. Дадени аргументи ,, за ,, и ,, против,, . Договорот со Грција во фокусот на обраќањата. Премиерот Заев и Претседателот на државата Иванов со свои аргументи за последиците од Договорот.Со ова, велат експертите се покажа поделеноста околу референдумот.

Владимир Божиновски смета дека обраќањата  на политичарите укажуваат на фактот дека кај нив се уште не се докрај прецизирани позициите и неизвесно е како ќе се однесуваат во однос на референдумот.

Се очекува жежок интензивен период во кој не е исклучено да се  заостри реториката која според аналитичарите би можела да биде вовед во превремени парламентарни избори кои евентуално би се одржиле  заедно со претседателските.

 

Јулијана Пешевска Лефковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ