
Владата без одговор колку службеници од Секретаријатот за рамковен одат на работа
Три месеци по помпезната најава на Владата дека е решен проблемот со службениците во Секретарјатот за спроведување на рамковниот договор никој нема официјален одговор дали првата група од 958 службеници почнаа да одат на работа и да ја заработуваат платата или сеуште седат дома. Последното е дека на вчерашната 82 седница на Владата разгледала инфромација за состојбата со правичната застапеност во неколку институции и до каде е процесот со прерасподелабата на вработените според Рамковниот договор.
Владата допрва ќе побара информација дали и колку од овие службеници почналке да одат на работа за да може да има попрецизна слика.
Проектот официјално го соопшти вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика кон крајот на март.
Владиниото портпарол Мухамед Хоџа во април соопшти дека само 10 отсто од овие 958 служвбебици одбиле да бидат прасарпоеделни и ќе бидат ставени на трансфер листа.
Трансфер листата, како и листата кој службеник во која институција ќе биде прераспореден не е објавена во јавноста.
Уште од самиот старт на овој помпезно најавен проект немаше временски рокови кога всушност овие службеници мора да се појават на работно место.
Телма побара информација од Секретарјатот колку вработени има во моментот но не добивме одговор.
И од министерството за финансии не одговорија на неколку пати поставеното прашање на колку на лица е префрлена плата во Секретарјатот во последните три месеци.
Минатата недела беше најавено и дека вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика, ќе одржи прес конференција на која тој требаше да го официјализира старот на втората фаза од прерасподелбата со која би биле опфатени уште 700 службеници но тоа не се случи.
Огнен Чанчаревиќ