
Шкендија издржа во Тираспол, го елиминира Шериф
Шкендија го издржа притисокот во Тираспол и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони. На реваншот против Шериф не прими гол и со резултат 0:0 го елиминира молдавскиот претставник од второто квалификациско коло задржувајќи ја предноста од првите 90 минути пред седум дена во Скопје кога славеше со 1:0.
Македонскиот првак за трет противник во Лигата на шампиони ќе го има австриски Салцбург кај кого ќе гостува на првиот меч закажан на осми август. Реваншшот ќе се одигра седум дена подоцна во Скопје.