
Пресудата за Груевски за случајот „Тенк“ објавена и на 244 страници
Најрано во септември Апелација ќе ги разгледува жалбите на екс премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра. Предметот бил испратен и во СЈО за да дадат одговор на жалбите. Јавна седница може да се закаже по летната ферија откако ќе се подготви предметот велат од скопска апелација.
Пресудата за „Тенк“ е анонимизирана и од денеска е јавно достапна на веб страната на Кривичниот суд. На 244 странци судијката Добрила Кацарска ги анализирала доказите и сведоците а одговара и на забелешките на одбраната. Во поглед на наводите на Груевски дека судењето го водела експресно брзо, судијката пишала дека се водела од принципите на судот во Стразбур за судење во разумен рок. За приговорите дека бомбите се незконски докази ги оценува како неосновани и се повикува и на одлуката на Апелација.
- Јавниот интерес за утврдување на вистината и утврдување на вината за вака сторено сериозно кривично дело за кое во конкретниот случај се обвинети обвинетите дозволува да се користат овие снимки и притоа не се прифаќа тврдењето на одбраната дека на таков начин се повредуваат слободите и правата на граѓаните, пишува во пресуддата.
На 8 -те бомби судијката им посветила 40 -тина странци. Во транскриптите од еден од необјавнеите разговори може да се прочита и за коалициски несогласувања околу изборот на претседатели на Врховен суд.
Одбраната уште пред еден месец ги поднесе писмените жалби со кои ја напага првостепената пресуда. Јавно ќе ги образложат и на седницта во апелација.
Со првостепената пресуда Груевски доби 2 години затвор, а Поповски 6 ипол. Судењето за ексминистерката Јанкуловска беше издвоено поради бременоста и продолжува на крајот на август. Според пресудата на барање на Груевски Поповски го фаворизирал блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра со тоа што спецификацијата за тендерот била идентична со понудата на фирмата застапник.
Елена Ивановска Мукоска