Референдумот ќе се одрази на економијата

Влада, СОЗР, министерствата за здравство, култура, финансии,транспорт и врски, образование и труд и социјална политика се државните институции од кои ќе се прераспределат 210 те милиони денари неиоходни за одржување на референдумот.

Најмногу реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика одлуката за прераспределба на 5 милиони денари со кои министерството за животна средина требало да набави машини и опрема за мониторинг на аерозагадувањето. За оваа намена биле планирани вкупно 25 милиони денари а од министерството и велат дека се што е планирано ќе се заврши

Министерство за труд и социјална политика ќе крати од ставката трансфери наменети за минимална плата во висина од 10 милиони денари кои се всушност субвенциите за кои бизнисмените не покажаа интерес.

  • Пренамената на пари за референдумот нема да има никакво влијание врз исплатата на поддршката за минимална плата. Станува збор за неискористени средства. Сите потребни средства за исплата на субвенциите за минимална плата, како и мерката за субвенционирање на растот на платите се веќе обезбедени, соопштија од  Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за здравство ќе се откаже од 10 милиони денари кои биле планирани за набавка на опрема и машини за ПЕТ центар.

Најмногу средства се пресрапределуваат од министерството за финансии, 60 милиони денари од ставката функции на државата која тежи вкупно 39 милијарди денари.

Владата ќе одвои 20 милиони денари исто како и СОЗР каде се прераспределува од ставката за изградба и реконструкција на државни објекти. Истата сума ќе биде прераспределена и од Министерство за транспорт и врски, од средствата наменети за жичарата.

Од култура се земаат 8 милиони денари наменети за Големата концертна сала за Македонската филхармонија а од образование 10 милиони наменети за превод и печатење на стручна литерастура и спорниот проект за превод на книги од реномирани автори.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека референдумот ќе се одрази врз економијата но и дека ќе има бенефит на долгорочен план.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ