
Заев и Џафери убедени во успехот на референдумот
Премиерот Заев е убеден дека Референдумот ќе биде успешен. Не верува дека ВМРО ДПМНЕ ќе повика на бојкот. Ги повика сите граѓани да излезат, да гласаат и донесат парвилна одлука која ќе ни ја обезбеди иднината. Одговорноста ќе ја сносат сите политички чинители. Не размислува дека цензусот може да не се исполни.
И Претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува висока излезност на 30 септември. Но сепак не ја отфрли можноста, доколку не се постигне цензусот на референдумот, Собранието да продолжи со спроведување на Договорот со Грција преку пристапување на уставни измени а за кои се очекува и подршка од ВМРО ДПМНЕ.
Кампањата за референдумот ќе стартува на 10 септември. Законот за ратификација на Договорот со Грција , Џафери ќе го испрати на објавување во Службен весник по завршувањето на референдумот и без потпис од Претседателот Иванов. ,,Сметам дека најповолно време тоа да се случи е после изјаснувањето на граѓаните во однос на референдумското прашање, затоа што целиот успех на Спогодбата зависи од одлуката на граѓаните која што ќе ја донесат на референдумот ,, вели Џафери.
Јулијана Лефковска