Ќе слави ли Димитров среќен роденден на референдумот?

Министерот за надворешни работи на крајот на септември ќе има два повода за славење, но не потенцираше чив роденден ќе се слави на 30 септември, на самиот ден кога ќе се одржи референдумот и ќе се знае дали граѓаните го прифаќаат договорот за Грција за промена на името, а за членство во ЕУ и НАТО.

„30 септември: Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да нѐ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината) Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ