
Милошоски: Бојкотирам!
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски не дава поддршка за закажаниот референдум за одобрување на договорот со Грција за членство во ЕУ и НАТО. Тој наведе неколку причини на профилот на социјалните мрежи поради кои ќе го бојкотира референдумот за името.
„Референдумското прашање кое е:
– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и
– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.
Не заслужува одговор!
#Бојкотирам“
Милошоски ја употреби истата формулација „некои прашања не заслужуваат“ одговор како СДСМ која го бојкотираше референдумот за територијална поделба во 2004 година, но сега прашањето е сосема различно и политичките околности се сосема други. Референдумот ќе биде консултативен, односно одлуката која ќе произлезе нема да има задолжителен карактер за власта.