Маж пронајден мртов со прострелна рана во главата

Шеесет и двегодишен скопјанец бил пронајден мртов во неговиот дом во Маџари. Телото на починатиот го пронашол неговиот внук.

Според информациите на МВР вчера во 07.26 часот Љ.П. пријавил во полиција дека со прострелна рана од огнено оружје во главата го пронашол неговиот дедо Ж.М. (62) во неговиот дом на улица Иван Наумов Алабакот во Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ