Ќе се оди на консултативен референдум – Објавена предлог-одлуката за распишување на референдум

Предлог одлуката за распишување на референдумот е доставена до собраниската архива.

Предлогот одлуката има 5 члена, во првиот член стои дека реферндумот е за консултирање со граѓаните и во него е наведено и реферндумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и Нато со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

За датум на референдумот е предложен 30-ти септември.

Според собраниски извори, седницата најверојатно ќе биде во 15 часот.

На предлогот се потпишале пратениците од СДСМ, ДУИ, ДПА и двете крила на БЕСА, додека нема потпис од пратеници од Алијансата за Албанците кои го подржуваат реферндумското изјаснување.

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, но нема да го поддржат предлогот, тврдат за Телма извори од Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утрово во 10 часот одржа и координација во Парламентот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ