ВМРО-ДПМНЕ се уште без став за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука за референдумот, вели за Телма висок партиски функционер од опозициската партија. Неизвесно е како ќе се позиционира и дали воопшто ќе излезат со став.
Но, без оглед на тоа владејачкото мнозинство е подготвено за седница на која ќе треба да се донесе одлука за распишување референдум. Предлогот е доставен до Талат Џафери. Собрани се потписите и се очекува уште една координација по што ќе се свика собраниска седница.
Засега, ВМРО-ДПМНЕ не кажа официјално дека ќе повика на бојкот на референдумот.
Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ