Се уште се испитуваат причините зошто починаа трите родилки

Министерството за здравство  се уште нема одговор од што починале  три родилки  низ родилиштатата  низ држават за само  месец и половина.  Министерот Филипче вели дека се уште се испитуваат причините, а досегашните сознанија не упатуваат на лекарска грешка.   Во јуни  родилка почина по породувањето во штипската болница, а во јули две породоувања завршија фатално за мајките .  Едната  почина откако со компликации била донесена од гевгелиската болница на Клиниките во Скопје, а втората почина  во средата во специјалната болница за гинекологија  во Чаир.

  • Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини додека не излезат дефинитивните извештаи и наоди од формираните комисии. Од првичните инфомрации кои што ги добивме од интервјуата и разговорте со сите луѓе вклучени во процесот на лекување и породување, нема знаци дека санува збор за грешка. Но, сепак ќе ги причекаме наодаите од комисииите и наодите од обдукцијата од Институтот за судска медицина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот Филипче  при денешната посета на битолската болница рече дека  наскоро ќе биде ставен во функција акцелераторот за зрачна терапија во Битола, со што болните од рак од југозападниот дел на државата нема веќе да патуваат во Скопје за оваа здравствена услуга.

  • Неколку фази се поминати, останува да се надгради електронскиот систем, д а се едуцираат докторите и физичарите кои што ќе работатат на линераниот акцелератор. Се надевам дека во следните месеци тој процес ќе се финализира и конечно овој центар ќе проработи, со што на граѓаните од овој регин ќе им се понуди сервис за кој тие требаше да патуваат во Скопје, рече Филипче.

Проблемот со недостиг на кадар  во Клиничката болница во Битола, ќе се ублажи со нови 80 вработувања, од кои 30 се лекари. До крајот на годината пак, ќе се вработата уште 100 лица, најави Филипче. Битолската болница, исто така,    ќе биде пилот прокет,  во кој од 10 август  магнетната резонанца ќе работи 24 часа за да се намалат  долгите листи на чекање на пацинетите.

 

Емилија Мисирлиевски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ