„Белата“ чума коси во Македонија, во странство не ги допира македонските државјани

Последниот извештај на државниот завод за статистика за населението открива – секое петто дете на македонски држвјани се раѓа во странство. 4829 бебиња лани дошле на свет во некоја од Италијанските, Германските и болниците во Швајцарија. Демографите велат, ова е најновиот тренд на младите кои се исселуваат.

2017 година  изминала ,а за 12 месеци се родиле 10, 000 бебиња помалку од 94-та, а прирастот на населението се намалил двојно. Во македонија се родиле 21 754,  а само 1400 бебиња ја делат Македонија од негативниот прираст на населението..  Од осум региони само скопскиот и западниот со ппозитивен прираст. Од догодина бројот на населението во земјава ќе започна за прв пат да опаѓа, а причините се сиромаштијата и масовното иселување. Државата носела по една стратегија на секои 5 годин, но мерките немале ефекти, вели Гересимовски.

Од 21 754 деца, само за 3275 родителите ќе добијат надоместок за трето деца како една од мерките на минатата влада. Скоро половина од бебињата се прво дете на родителите.Според наодите на европската комисија од земјава се иселиле 230, 000 за 15 години, а според статистиките на Светска Банка и до 630 илајди луѓе ја напуштиле земјата од деведесетите години навака.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ