Романската премиерка се надева на успешен референдум за отворен пат кон ЕУ

Премиерот Заев очекува мудра одлука на мнозинството граѓани и успешен референдум наесен кој ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ. При денешната посета на романската премиерка Диончила во Скопје беа упатени пораки за поддршка на Македонија на евроатлантскиот пат.

Романија ќе биде голем пријател на Македонија. Диончила во Скопје ги потврди заложбите на владата од Букурешт за техничка помош на Македонија во исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

„Убедена сум дека за вас како и за Романија поканата за Македонија да стане членка на НАТО е многу значајна. Исто така и Европскиот пат треба ние да го поддржиме. Специјално важно е референдумот што ќе го имате кон крајот на септември.
Се надевам дека резултатите ќе бидат позитивни за да го подобрат европскиот пат на Република Македонија“ истакна Дончила.

Исто така беше пренесена порака дека Советот на ЕУ следното лето ќе даде зелено светло за стартување на процесот на преговори за членство.

Романија од јануари 2019 година ќе го презеде претседателството на ЕУ. Во тој период Македонија ќе треба да ги спроведе клучните реформи во  правосудството, борбата со корупцијата и професионализација на јавната администрација.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ