
Отворен првиот мал групен дом за деца во Скопје
Улица „Иван Цанкар“. Населба Хром – Скопје. Модерна куќа на два ката, три спални соби, кујна и дневен престој со нов мобел. Ова е новиот дом на 5 малолетни деца кои денеска засекогаш го напуштаат домот за згрижување „25 –Мај“. На нивнотот доаѓање не се израдуваа сите. Дел од околните жители ја нападнаа идејата овде да има деца со воспитно-социјални проблеми. Додека дел ветија дека ќе им дадат шанса на новите соседи.
Децата остана зад камерите, а во нивно име проговори директорката на домот „25 –мај“
Првите деца доаѓаат во маалото на министерката Мила Царовска која како и во Тимјаник така и денеска вети дека нема да дозволи околните жители да ја спречат деинституционализацијата на децата.
Кога се барале локации, важно било да бидат во населено место, вели Царовска за изборот на 5-те куќи земени по закуп.
Домот за згрижување за деца 25 Мај нема да се урне. ЌЕ остане админситративен центар и поддршка на малите групни домови, но и потсетник за институциналниот модле на згрижување деца испреплтен во скандали како оној за забременетите малолетнички во изминативе години.
Павле Беловски