Партиите ќе се финансираат од државни јасли

Политичките партии ќе се финасираат од државни јасли.Измените на законот за финасирање на партиите вчера беа изгласани по скратена постапка, без дебата и процедурални забелешки.

Работните групи се договорија за зголемување на државната помош за годишно финансирање. Наместо досегашните 2 милиони евра, партиите ќе добијат финансиска инекција од буџетот во висина од 5, 2 милиони евра. Процентот  е зголемен од 0,06%  на 0,15%. Законските измени ќе предизвикаат фискални последици врз државниот буџет.

Во иднина партиите ќе може да се финасираат и со замање кредити, што досега не беше дозволено, ќе имаат право да поседуваат земјиште, деловен простор, опрема, канцелариски материјал, превозни средства и друг движен имот. Се намалува сумата на донации. Правните лица кои досега имаа можност да донираат до 150 просечни нето плати, сега тоа ќе го прават до 60 просечни плати, или најмногу до 24 ооо евра, додека физичките лица ќе имаат право да донираат до 12 000 евра или 30 просечни плати.

Партиите може да имаат само една жиро сметка. Покрај овој закон парламентарците вчера експресно ги донесоа и измените на Изборниот законик за кои реагираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и ги оцени како скандалозни решенијата. Платеното политичко рекламирање за време на изборнит епроцеси што досега учесниците во изборите им го плаќаа на медиумите од своите сметки, ќе се плаќаат од парите на граѓаните велат до АВМУ.

„Трошоците за платено политичко рекламирање и неговиот обем по медиумите досега беа ограничени од финансиските можности на политичките субјекти, додека новото решение овозможува тие да се зголемат затоа што ќе се плаќаат од парите на граѓаните. Мешање во уредувачката слобода на медиумите е законското решение со кое учесниците во изборната кампања ќе ги изготвуваат медиа плановите за платено политичко рекламирање“, соопштија од АВМУ.

АВМУ смета дека новата одредба за дополнителни лимити за платено политичко рекламирање на радијата и телевзиите, повторно не обезбедува еднакви услови за пристап до платеното политичко рекламирање за сите учесници во изборниот процес, затоа што им дава прдност на партиите од власта и од парламентарната опозиција, а воопшто не предвидува време за рекламирање на независните кандидати.

Агенцијата реагира и што наместо да се избрише обврската за мониторинг на медиумско претставување на интернет порталите по двегодишните укажувања  на АВМУ, ЗНМ, граѓанскиот сектор и стручната јавност, затоа што е спротивна на еврсопките стандарди, со измените обврските за мониторинг на порталите и се наметнуваат на ДИК.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ