Ниската реализација на КИ го вклучи алармот

Катастрофално ниското ниво на капитални инвестиции во првото полугодие од годинава го вклучи алармот.Иако тенденцијата на подреализација на капиталните проекти е присутна во последниве 10 години, реализацијата од 16,6% за првите 6 месеци  е најниско ниво досега .Економистите бараат владата наместо кон политичките прашања да се фокусира на економските приоритети бидејки ова забавување има клучна рефлексија врз економскиот раст

Министерството за финансии трвди дека не работат на ребаланс на буџетот бидејки наплатата на приходите е одлична

  • Во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот. Исплатите од страна на министерството се вршат редовно. Сите налози веднаш се процесираат.Вршиме притисок врз институциите и веќе се градат капитални прокети од значење за граѓаните и стопанството. Очекуваме засилена реализација во втората половина на годината.

Ваквиот оптимизам не го дели опозицијата. Податоците според нив укажуваат дека и во вториот квартал растот ќе биде најнизок во Европа и дека на Макеоднија и се случува економско уништување

  • Податоците за градежниот сектор  упатуваат на пад од 10 % на извршени градежни работи. Во иста насока влијае и извршувањето на капиталните расходи во буџетот за вториот квартал (38 отсто пониски во однос на истиот период лани), додека повлекувања на средства по основ на кредитни линии од јавните претпријатија за инвестиции скоро воопшто и да нема, е Фејсбук статусот на Христијан Мицковски претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Владата не отстапува од убедувањето дека до крајот на годинава ќе се постигне раст од 3,2 % иако реализацијата на капиталните инвестиции е 16 %.Лошите параметри според премиерот заев се резултат на лошите проекти од претходната влада и на политичката криза.Буџетот е стабилен и ликвиден,капиталните проекти се одблокирани, резултатите ќе дојдат уверува заев

  • Очекувам веќе во вториот, а особено во во 3 и 4 квартал да имаме сериозен раст и на капиталните инвестиции во државата и на нискоградбата затоа што сите проекти се ослободени, тендерите се распишуваат, има компетитивност, преку 100 милиони евра се заштеедени пари на тазлики во цени поради транспарентност на постапките. Водиме грижа нашите домашни компании да имаат предност. Очекувам дека растот на БДП од 3,2 отсто сепак ќе го постигнеме, изјави премиерот Заев.

Бројките на Министерството за финансии покажаа дека за половина година не е  потрошена ниту една петина од предвидените пари за училишта, патишта, железница, односно дека се потрошени едвај 65 милиони евра од планираните 392 милиони за цела година.

Виолета Зајкова Стојановска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ