55 години земјотресна трагедија, започната и недовршена приказна

Овој 26-ти јули во 5 часот и 17 минути не се сруши ниту една зграда, не загина ниту еден скопјанец. Сирените пиштеа за кобната 63-та година врежана и прераскажувана, велат од граѓанската иницијатива која синоќа ги будеше скопјани одново за да се ангажираат Скопје да стане поубаво место за живеење.

Пред 55 години сирената свиреше за „црно-бел“ свет, за смрт или спас.

Од тоа кобно лето 55 години  скопјанката Тануровска се враќа крај малите камени плочи на заедничките почивалишта во градските гробишта во Бутел . Природата уривала, а судбината се поигрувала, раскажуваат скопјани.

Во катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година загинаа над 1070 луѓе, а повеќе од 3000 беа повредени. За големиот број жртво сеуште се зборува. Освен свечени звуци од трубите и свежо цвеќе, скопскиот градочалник го постави прашањето на безбедноста на градот.

1963-тата над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата ,а повеќето скопски градби го преживеа земјотресот. Задачата да го издигне од пепел ја доби јапонскиот архитекет Кензо Танге. Дел се изгради, дел остана недворшен, а во последните декади Скопје доби десеетици илјади домови во станбени згради. Од институтот за земјотресно инженерство велат дека ги проверуваат и дека не може да ги урне и посилен од скопскиот земјотрес. Обврската да се помогне, а за солидарноста како карактер на градот  да се зборува полека бледнаат во градот познат по меѓународната помош која го обедини целиот свет пред педесетина години. Улицата „Мексичка“, која го носи името на една од многуте земји кои помогнаа по земјотресот со одлука на Град Скопје во 2012 е преименувана и ототгаш до сега се вика „Петре Пирузе“.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ