ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски се жртви на политички прогон

Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија со соопштенија се огласија нагласувајќи дека „судот е директен соучесник во креирањето на недемократска атмосфера на страв, во која што Заев ќе може без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик“.

„Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес.Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети се жртви на политички прогон само заради храброста, истрајноста гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните и антимакедонските политики на власта предводена од Зоран Заев. Не се почитуваат нивните основни човекови права. Прогонот на десетици невини луѓе, патриоти кои си ја сакаат својата држава за фабрикувано дело тероризам мора да запре“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија заклучуваат дека „се додека институциите се користат за монтирање и фабрикување на монтирани судски и кривични постапки се со цел за пресметување со неистомислениците нема напредок за Република Македонија и нејзините граѓани.“

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ