
Собранието го избра новиот состав на ДИК
Собранието со 100 гласови „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Претседател на ДИК е поранешниот пратеник Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а од истата партија член е Елизабета Постоловска. Членови од СДСМ се Јанаки Витановски, Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, и Радица Ристевска. Од ДУИ, член и потпретседател на ДИК е Дитмире Шеху и член од Движењето Беса е Енвер Салију.
Претходно, на седницата помина потребата од донесување на измени на законите за Влада и за финансирање на партиите по скратена постапка. Во тек се комисиските расправи за законските измени и се очекува наскоро претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница на која што ќе се гласаат и овие закони.