За пожарот во Грција обвинителите ќе бараат говор на омраза на социјалните мрежи

Обвинителите ќе бараат говор на омраза на социјалните мрежи повразни со стравичниот пожар што ја зафати Грција. Ќе истражуваат кој објавувал написи и коментари со кои ширеле омраза за трагедијата во која има десетици жртви

  • Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот, соопштија од ЈОРМ. 

Ова следува по реакции поврзани со бесчувствителни написи и коментари на ситење на социјалнитее мрежи додека се вртеа слики и видеа од пеплосани тела, куќи  и шуми во пламен.

Осуда за говорот на омраза и од владата.

Голем дел од граѓаните не смао што ги осудија ксенофобичните пораки туку  директно се вклучија во активностите за помош на настраданите.

Црвениот крст отвори сметка на солидарност на која може да се уплаќаат средства и ја активираше телфонскиот линија  143 400 преку која граѓаните можат да донираат по 100 денари од повик. Дополнитлено во соработка со градот Скопје ќе се обезбеди  средства за хигиена дезинфекција храна и пелени велат од црвениот крст .

Паралелно на социјалните мрежи се проширија и други акции за помош. На повик на кафулето Нано бар, денеска започнаа донации од средства за хигиена конзеврирана храна пелени, вода.

Владата формира координативно тело кое ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција. На вчерашната седница донесе и одлука да испрати финансиска помош во износ од шест милиони денари од буџетот.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ