Еден загинат и над 20 повредени во сообраќајки викендов во Скопје

Едно лице загина во една од вкупно 25 сообраќајки што се случија во текот на викендот во Скопје . Во една незгода, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а полесно повредени се 21 лице во девет сообраќајки. Во 15 сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, пет возачи се казнети за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои возеле под дејство на алкохол, 35 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 25 нерегистрирани возила. Санкциониран бил и еден пешак кој не поминал на пешачки премин. Затекнати биле и 145 непрописно паркирани возила. Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 141 возило.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ