
Заев: Ако нема договор со ВМРО ДПМНЕ, владата сама ќе ги почне подготовките за референдум
Премиерот Заев верува дека референдумот ќе биде успешен и дека е можен договор со ВМРО ДПМНЕ, но доколку тоа не се постигне тогаш Владата и останатите партии ќе почнат со негова организација. Очекува од Парламентот да ја донесе одлуката за негово распишување најдоцна до 30 јули за може тој да се одржи на 30 септември, датаум за кој дале согласност и од ВМРО ДПМНЕ.
Нема отстапки од дефинирањето на референдумското прашање: Дали сте за членство во НАТО и ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. Тука и запнале преговорите со ВМРО ДПМНЕ на лидерската средба. Заев го соопшти прашањето што било понудено од Мицкоски.
На лидерската средба , партиите од владејачкото мнозинство не прифатиле да се разговара за измените на Кривичниот Законик затоа што тие с еоднесувале на предмети кои се опфатени од СЈО.
Заев не гледа потреба во моментов да свика лидерска средба, но доколку од него тоа биде побарано ќе прифати. Отворен е за консултации со ВМРО ДПМНЕ и можноста да се прецизира дали исходот од референдумот ќе биде консултативен или задолжителен. На крајот , рече Заев кога се ќе заврши одлуката на граѓаните ќе биде задолжителна.
Јулијана Лефковска