
Војдан Стојановски се враќа во Бундес лигата, ќе настапува за Олденбург
Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски кариерата ќе ја продолжи во Олденбург со кого потпиша едногодишен договор објави клубот на својата интернет страница.
Капитенот на националниот тим го комплетираше составот за новата сезона на ланскиот четврфиналист во германскиот шампионат. По пауза од три години одново се враќа во Бундес лигата откако две сезони во периодот од 2013 до 2015 ги бранеше боите на Алба Берлин.
Стојановски (30 години) минатата сезона настапуваше во турското првенство за Бујукчекмеџе, а како интернационалец беше член на Черкаски Мавпи, Морабанк Андора и Реал Бетис.