СДСМ: Мицкоски ги предаде националните интереси, бара само амнестија за криминалот

Владејачката партија СДСМ преку соопштение го обвини Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата дека ги предал националните интереси на Македонија и дека е осамен во одбраната на криминалот.

„Мицкоски бесрамно условува договор и иден референдум, со амнестија на криминалите на фамилијата и неговиот ментор Никола Груевски. Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во провалија, да ја турне во изолација и неизвесност. Таквата негова несериозност води кон тоа да останеме сами, изолирани од Балканот и Европа, а неговото бегство од одговорност води кон конфликт, поделби, криминали и неправди. Но, колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е осамен, нема да дозволиме неговата изолираност, неговата потреба да го брани криминалот да ја втурне Македонија во нова изолација, велат од СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека нема да дозволат да се спречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и дека мора да се води одговорна политика.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ