Брако и Кастинвест на Анѓушев аплицирале на уште еден конкурс за државна помош, тој размислува да се откаже од нив

Само што излезе во јавност новиот скандал, вицепремиерот Кочо Анѓушев викна прес конференција. Сите фирми каде е сопственик ќе се повлечат од конкурсите за државна помош. Освен од Фондот за иновации каде аплицираше и доби 160 илјади евра Кастинвест, но и Брако аплицирале и за државна помош за унапредување на бизнис. На евалуацијата добиле позитивни оценки, дел од комисијата која ги оценувала е шефицата на кабинет на Анѓушев, Софче Јовановска, но тој се правда дека се изземала од оценувањето.

Сега вицепремирот не размислува да си даде оставка, останува горд на своите фирми. Во оние каде има помал удел можно е да го продаде сопствеништвото, онаму каде е мнозински сопственик не.

Денеска обвинителството објави дека отвора случај за распределбата на пари од фондот за иновации. Партнерите во фирмата Кастинвест објавија дека нема да го потпишат договорот за државни пари. Од фондот велат дека такво известување до сега до нив не пристигнало. Во изјава за Телма пред неколку денови директорот тврдеше дека не можат да ги дисквалификуваат фирмите поради сопствениците.

Инаку помошта за фирмите доаѓа со измените на Законот за поддршка на инвестиции на владата каде вицепремиер е Анѓушев. Но, тој не е единствениот функционер кој преку негова фирма учествуваше на конкурс за државна помош. Печатницата Гинис на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец исто така е на листата добитници од фондот за иновации. Засега нема најава дека и оваа фирма ќе го повлече своето учество.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ