Асоцијацијата за рударсто бара законските измени да не се носат набрзина

Измените на законот за минерални суровини се лоши, исклучително штетни, нелогични, селективни, недоречени и неприменливи во пракса е оценката на Македонската асоција за рударство. Отаму забележуваат дека измените не треба да се туркаат по скратена постапка во македонското собрание, туку да се организираат јавни дебати во кој ќе учествуваат сите засегнати страни.

Законот за минерални сурови е еден од законите што досега има претпрено најмногу измени, а оценката на првиот човек на асоцијацијата за рударство Николов е дека најновите измени се направени нестручно и како што вели тој го креирале луѓе кои дел од нив и воопшто немаат видено руда. Но, пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска со контра став дека на прес конференција на Македонската асоцијација за рударство се изнесени невистини, а измените не се ниту лоши, ниту штетни.

Рударскиот сектор потенцира  дека со измените на законот ќе се избркаат инвеститорите, бараат пратениците да не ги гласаат измените, а пратеничката Поповска пак забележува дека измените се однесуваат на новите рудници со површински коп кои би се отвориле, да не користат цијанид и сулфурна киселени и да имаат финансиска гаранција за евентуални еколошки штети.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ