Се уште не се знае кој го претепа 14 месечното бебе – насилникот ќе се бара преку ДНК анализа

Преку ДНК анализа, Обвинителството го бара насилникот кој го претепал 14 месечно бебе. Се уште не се знае кој брутлано го истепаа девојчето од чии повреди беа шокирани и докторите.

При увидот во куќата во Скопје каде што последниот месец престојувала мајката со детето, полицијата пројнашла траги од крв  и се чекаат резултати од анализата, потврди за Телма првиот човек на Скопското обвинителство Сашо Рајчев. Доколку се утврди дека  крвта не е на мајката или девојчето истражителите очекуваат да дојдат чекор поблиску до напаѓачот. Мајката се уште не открила кој им го приредил ужасот низ кој поминале таа и нејзиното дете. Обвинителството чека одговори од полицијата за наредбите кои ги издале.

Здравствената состојба на бебето е непроменета велат од детска неврохирургија. Бебето детално се следи денеска биле направени нови конзилијарни прегледи од доктори од повеќе клиники, а во наредните денови ќе се прават и дополнитлени испитување на мозокот, магнентна резонанца и комјутерска томографија, објаснуваат од Клиниката.

Мајката го донела претепаното девојче пред две недели на КАРИЛ , а таа во неколку наврати во полицијата ги менувала сведочењата. Минатата недела докторите открија и дека бебето има и бројни и сериозни повреди на мозокот и на нозете, а дел од повредите биле и стари.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ