
Шпанија пред сериозен предизвик со Унгарија, Данска е фаворит против Унгарија
По убедливиот старт, Шпанија и Данска ќе бараат втор триумф за да го потврдат минувањето во втората фаза и потоа да се подготват за меѓусебниот дуел на крајот од првиот дел на Европскиот шампионат во Хрватска.
ГРУПА Д – ВАРАЖДИН – 2. КОЛО
УНГАРИЈА – ШПАНИЈА (18:15)
Без разлика на убедливиот пораз од Данска (25:32), се уште има позитивни сигнали за Унгарија. Избраниците на Љубомир Врањеш против Скадинавската велесила не ги искажаа сите свои квалитети бидејќи 22 од 25 голови ги постигнаа од надворешните позиции. Од таа причина Унгарија ќе мора да ги вклучи сите сили против Шпанија, која на стартот обезбеди сигурен и убедлив триумф против Чешка (32:25).
Традицијата на ЕП е на страната на „црвената фурија“ која пред четири години во Данска обезбеди триумф од 34:27 и во 2016 година во Полска славеше 31:29. Унгарија исто така има негативна серија од шест репрезентативни порази кои датираат уште од 2016 година.
Овој меч ќе биде специјален за Габор Часар за кого првиот гол би бил 100-ти на Европските првенства за Унгарија. Ако постигне пет голови тогаш ќе биде и најдобар по бројот на голови за неговата репрезентација на ЕП.
ЧЕШКА – ДАНСКА (20:30)
Данските ракометари знаат што значи вториот меч за нив на ЕП. Победа против Чешка ќе значи пласман во Главната фаза и подготвка за големото дерби на крајот против Шпанија.
Чешка го доживеа најголемиот пораз од Шпанија (15:32) на Европските првенства во нивната историја и ќе се надеваат на добар резултат доколку Скадинавците бидат на нивото против Унгарија во првите 40 минути.
Данска треба да ја подобри одбраната ако сака да нема проблеми на овој меч додека на спротивната страна Чешка за успех мора да ги намали големиот број грешки што ги правеше на стартот.
Двете репрезентации одиграле три средби меѓусебе на Европските првенства во минатото. Чешка победи на првото соочување во 1996 година, додека Данска беше поуспешна во 2002 и 2014 година.
ТАБЕЛА:
1.ШПАНИЈА 2 бода
2.ДАНСКА 2
3.УНГАРИЈА 0
4.ЧЕШКА 0