
Лидерската средба продолжува, можен компромис
Лидерите на четирите најголеми партии по кусата пауза ги продолжија разговорите во Клубот на пратениците. Официјални информации засега нема, но порталот МКД.мк пишува дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев бил подготвен да прифати техничка влада 100 дена пред избори според пржинскиот модел, ако Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ даде гаранции дека нема да повика на бојкот на референдумот.
Партиски извори за МКД.мк брифираат дека СДСМ останува цврсто на ставот да не прифати амнестија или индиректна амнестија, која се предлага со предлозите за измена на Кривичниот законик во членот 353 за намалување на казните за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Неофицијално, Мицкоски се откажал од измените во КЗ.
Во Клубот на пратениците е Заев придружуван од вицепрмиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахемти се вицепремиерот Бујар Османи, додека Билал Касами е придружуван од Аријанит Хоџа.