
Трка за регистрација на производи со варијација од терминот Македонија
Ќе се продава ли македонско вино, македонски ајвар, македонски сирење. Што точно наложува спогодбата за решавање на спорот за името. Ако државните институции ќе мора да го променат името согласно Република Северна Македонија, што ќе се случи со приватните компании и нивните производи. Во членот од договорот не се наведени никакви наметнувања, но како двете страни ќе го користат терминот Македонија?
Во духот на договорот сите државни институции ќе треба да го променат името согласно Република Северна Македонија, но вакви наметнувања не треба да има за комерцијалниот сектор.
Во Грција веќе стопанските комори упатија повици до фирмите да си ги заштитат своите трговски марки. Во правото од индустриска сопственост првиот подносител има приоритет, па така може да следи и трка за регистрација на производи со придавки или варијации од терминот Македонија.
Во минатото постоеше голема пречка за македонските винарии. Грција го заштити географскиот регион Македонија кој се однесува на нивната северна провинција. Потоа дел од македонските винарии го регистрираа поимот повардарски за вина од конкретниот географски регион. Сега, со спогодбата за името се отвораат нови перспективи за пласман на светските пазари.
Од заводот за индустриска сопственост ни открија дека 79 регистрирани трговски марки досега го содржат зборот Македонија. Само 5 од македонските меѓународно регистрирани трговски марки го содржат името МАКЕДОНИЈА.
Заводот вели за сите идни користење на името Македонија како дел од имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, согласно Спогодбата за името ќе решава меѓународна група на експерти.
Трговските марки во наредните години ќе може јасно да се разликуваат од грчките со тоа што ќе се наведе дека се произведени во Република Северна Македонија, доколку договорот стапи на сила.
„Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја“, се вели во договорот.
„За територијата на РМ од вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти (правни и физички лица), 79 регистрирани трговски марки го содржат зборот Македонија и 77 трговски марки ја содржат англиската верзија на името: Macedonia. Кратенката МК е содржана во вкупно 79 трговски марки, кратенката МАК во 35 трговски марки, а придавката МАКЕДОНСКИ ја содржат 12 регистрирани трговски марки. Македонските компании преку Мадрискиот договорот и Мадрискиот протокол имаат меѓународно регистрирано (за територијата на други држави) 344 трговски марки, (од кои 8 постапки се во тек). Само 5 од македонските меѓународно регистрирани трговски марки го содржат името МАКЕДОНИЈА“, велат од Заводот за индустриска сопственост.
За територијата на РМ од вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти (правни и физички лица), 79 регистрирани трговски марки го содржат зборот Македонија и 77 трговски марки ја содржат англиската верзија на името: Macedonia. Кратенката МК е содржана во вкупно 79 трговски марки, кратенката МАК во 35 трговски марки, а придавката МАКЕДОНСКИ ја содржат 12 регистрирани трговски марки.
Македонските компании преку Мадрискиот договорот и Мадрискиот протокол имаат меѓународно регистрирано (за територијата на други држави) 344 трговски марки, (од кои 8 постапки се во тек). Само 5 од македонските меѓународно регистрирани трговски марки го содржат името МАКЕДОНИЈА.
Согласно член 226 од Законот за индустриска сопственост географскиот назив се штити со ознака на потеклото на поризводот и географската озната, со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје.
Во РМ заштитени се вкупно 53 ознаки на потекло, односно географски ознаки, за производите: ајвар, сирење, вино, вода, ориз, мед, чај, грав, бисер, од кои само една географска ознака ја содржи придавката Македонски, а тоа е Македонски Ајвар. За сите идни користење на името Македонија како дел од имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, согласно одредбата од членот 1 (3) (ж) од Спогодбата, ќе решава меѓународна група на експерти која треба да се формира во текот на 2019 година, со мандат од три години.
Христијан Станоевиќ