Анѓушев се предомисли, ги повика компаниите каде е косопственик да се повлечат

Анѓушев се повлекува. Денеска ги повика косопствениците на неговите фирми да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат.

“Поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат, потенцира Анѓушев.”

Во изјава за Телма, Анѓушев претходно кажа дека во леарницата КАСT инвест е сопственик со 16 проценти а останатите сопственици се други луѓе. Како да им кажам тие да не работат за тоа што нивниот партнер е вицепремиер, рече тогаш Анѓушев. Телма откри и дека на тендерот 160 илјади евра доби и печатницата Гинис од Прилеп каде коспоственик е пратеникот Хари Локвенец.

Од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека целосно стојат зад процедурата и транспарентниот начин на кој е спроведен првиот јавен повик. Фондот додадава дека  нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност.

СДСМ се фатени живи како си ги делат парите на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Сега сите веќе гледаат дека акцизата и другите давачки се покачени за да можат Анѓушев, Заев и останатите да имаат повеќе пари во буџетот за да си ги поделат меѓу себе и на нивните семејства и фирми.

„Тоа ви е исто како еден крадец ќе влезе во банка и кога ќе се обиде да ги ограби парите од банката, да ги изнесе надвор и ако го фатат ќе рече „добро еве ви ги парите, само сакав да видам дали функционира системот“. Ист е случајот и со Кочо Анѓушев“, рече Димче Арсовски.

Оценката на проектите за фондот првично ги правела комисија формирана од 80 тина надворешни соработници а крајниот избор бил оставен на петмина стручњаци 4 ца од америка и еден од грција. Овој месец повторно ќе има оглас за нова помош.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ