Тројца загинати во сообраќајна несреќа- воз удрил во голф кај кумановско Романовце

Во тешка сообраќајна несреќа на железничката пруга кај село Романовце, кумановско најмалку три лица го изгубиле животот, брифираат за Телма медицински извори од Куманово.

Од полицијата потврдија дека на пругата се случила несреќа, и дека е отпочнат увид.

Товарен воз удрил во автомобил марка голф во која се наоѓале 4-ца. Според првичните информации, еден од патниците во автомобилот се извлекол, додека тројцата загинале. По увидот ќе има официјална потврда за трагичниот биланс.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ