Хрватска ја исполни првата задача на патот кон полуфинале, Норвешка обезбеди прв триуф

Лука Циндриќ и Игор Карачиќ одиграа одлична партија во триумфот на Хрватска против Исланд од 29:22, во вториот меч од групата А што се играше во Сплит на Европското првенство во Хрватска и обезбеди место во Главната фаза.

По израмнетото прво полувреме во кое Исланд се покажа како достоен ривал, Хрватска во второто одигра фуриозно и го збриша противникот со седум голови на крајот. Играчите на Вардар, Циндриќ, кој беше избран за играч на натпреварот, беше прв стрелец со седум голови, Карачиќ во забележителниот настап запиша четири а Иван Чупиќ со два, постигнаа 13 од 29 погодоци на домашната репрезентација во вториот триумф.

Кај Исланд, Арон Палмарсон со пет голови беше најефикасен.

Претходно на првиот меч од оваа конкуренција Шведска ја совлада Србија 30:25.

Норвешка беше подобра од Белорусија со 33:28 во вториот меч од Групата Б што се игра во Пореч и го оствари првиот триумф на шампионатот. За Белорусија ова беше прва пораз по триумфот на стартот против Австрија.

Бјорнсен, Гулеруд и Сагосен се тројцата ракометари со по шесто голови кои ја предводеа Норвешка во првиот триумф. Каралек со пет погодоци беше прв стрелец кај Белорусија.

Франција ја надигра Австрија со 33:26 во првиот меч од оваа конкуренција.

Резултати 2. Коло – А група:

Шведска – Србија 30 – 25

Хрватска – Исланд 29 – 22

Табела:

1.Хрватска 4 бодови

2.Шведска 2

3.Исланд 2

4.Србија 0

Двојки 3. коло – 16 јануари:

Србија – Исланд

Хрватска – Шведска

Б група:

Франција – Австрија 33 – 26

Норвешка – Белорусија 33 – 28

Табела:

1.Франција 4 бодови

2.Норвешка 2

3.Белорусија 2

4.Австрија 0

Двојки 3. коло – 16 јануари

Франција – Белорусија

Норвешка – Австрија

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ